• недела, 12 мај 2024

Османи во Конзулатот во Бон донел станица за фотографирање

Османи во Конзулатот во Бон донел станица за фотографирање

Скопје, 17 февруари 2024 (МИА) - Министерот за надворешни работи Бујар Османи, кој учествуваше на Минхенската безбедносна конференција, денеска отпатува од Минхен во Бон, каде во Конзулатот на нашата држава, достави дополнителна станица за фотографирање и издавање пасоши.

- Од Минхен дојдов во Бон, како прв министер за надворешни работи што некогаш ја посетил најпрометната конзуларна единица на нашата држава. Тука донесов и дополнителна станица за фотографирање и издавање пасоши, и сега се обидуваме да им помогнеме на граѓаните со два пункта, во две смени и за време на викендот. Се надевам дека оваа реорганизација значително ќе го скрати чекањето, напиша Бујар Османи на својот фејсбук-профил. ир/лв/

Фото: МНР

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан