• сабота, 13 декември 2025

Осветување на храмот „Свети Константин и Елена“, присутни голем број верници и високи државни претставници

Осветување на храмот „Свети Константин и Елена“, присутни голем број верници и високи државни претставници

Скопје, 28 септември 2025 (МИА) - Со ѕвонење на камбаната, утрово во 8:30 часот почна церемонијата на осветување на храмот „Свети Константин и Елена“ во центарот на Скопје.

Пред голем број граѓани, верници, високи владини функционери, пратеници, претставници на политички партии и на дипломатскиот кор кои присуствуваат на свечениот чин, најпрво беше изведена "достојно ест" од страна на свештениците, по што почна церемонијата.

Осветувањето го врши архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, во сослужение со бројни архијереи од МПЦ-ОА.

Верниците пред осум часот утрово беа собрани пред и во храмот. 

Осветувањето го следат и голем број верници надвор од црквата каде се поставени два големи видео бима. Церемонијата се снима и со дрон.

Изградбата на храмот почна во 2012 година и траеше 13 години. Работите беа интензивирани во 2024 година со што се комплетираа внатрешното уредување, надворешноста и околкниот простор. мч/аа/

Фото: МИА

Остани поврзан