• недела, 22 декември 2024

Осветен Крстот на тврдината Градиште во делчевското село Град

Осветен Крстот на тврдината Градиште во делчевското село Град

Делчево, 2 август 2024 (МИА) – Делчевско-каменичкиот епископ г. Марко, денеска, го освети светиот Крст на тврдината Градиште во делчевското село Град.

Епископот упати порака до жителите да го чуваат и да не го запоставуваат како што е случај со повеќе црковни објекти ширум земјава.

– Благодарност до свештеникот Васко кој ме покани во овој крај за кој тој е задолжен да го осветам овој да го наречам црковен објект кој треба да го почитуваат мештаните и да се грижат за него. Од овде порачувам да се негуваат и црковните храмови и верноците што повеќе да ги има и на литургиите во нашоте цркви и со тоа како што му даваме почит на Бога со крстот, да го почитуваме и со своето присуство на литургиите, истакна г.Марко.

Крстот се градеше по иницијатива на група наши иселеници во Швајцарија.

– Се почна со една објава на фејсбук каде ја споделивме нашата идеја. Тоа наиде на одобрување потоа собравме доста средства. Потоа го изградивме крстот и ќе продолжиме и понатаму да го адаптираме просторот кој води до него, истакна Илија Кацарски иселеник од с.Град .

По осветувањето на Крстот, организаторите подготвија и црковен ручек кој им беше поделен на присутните верници. вс/ра

Фото: МИА

 

Остани поврзан