• понеделник, 23 декември 2024

Осветени темелите за изградба на камбанарија на црквата Св. 40 маченици на Смилковското езеро

Осветени темелите за изградба на камбанарија на црквата Св. 40 маченици на Смилковското езеро

Скопје, 16 март 2024 (МИА) - Општина Гази Баба соопшти дека денеска се осветени темелите за изградба на камбанарија на црквата Св. 40 маченици изградена на Смилковското езеро во слава и сеќавање на Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацковски, Кире Тричковски и Борче Стевковски кои беа свирепо убиени на 12 април 2012 година на Велики четврток.

Инвеститори на камбанаријата се Здружението на граѓани Св. 40 Маченици со поддршка на градоначалниците на општините Гази Баба и Бутел, Бобан Стефковски и Дарко Костовски.

Чинот на осветување на темелите го изврши поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архепископија г.г. Стефан.

-Подобро ќе беше овој настан по ваков повод никогаш да не се случеше но се повторуваат настаните од нашата тешка историја, но за жал во време на слобода доживеавме да ни се случат нови жртви, истакнал во обраќањето пред присутните поглаварот на МПЦ-ОА.

Архепископот, г.г. Стефан воедно, изразил јавна благодарност до двајцата градоначалници за силната поддршка и во изградбата на црквата и на камбанаријата.

На настанот, како што стои во соопштението, присуствувале градоначалниците на Гази Баба и Бутел, Стефковски и Костовски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, министерите во техничката влада за внатрешни работи Панче Тошковски, и за труд и социјална политика Ѓоко Велковски, пратениците Жаклина Пешевска, Владо Мисајловски и Зоран Коцевски и голем број граѓани. вг/aa/

Фото: Општина Гази Баба

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан