Оружје скриено во камион откриено на турско-сириската граница
- Според писмено соопштение на локалните власти, царинските службеници денеска извршиле „детална контрола на сомнителен камион кој влегувал во Турција од Сирија“, при што било утврдено присуството на огненото оружје и муницијата во резервоарот на возилото.
Анкара, 5 јануари 2026 (МИА) - Турските царински власти на граничниот премин Акчакале, на турско-сириската граница, запленија 51 долга пушка и 41 шаржер, скриени во резервоарот на товарен камион, објави порталот „Туркије тудеј“.
Според писмено соопштение на локалните власти, царинските службеници денеска извршиле „детална контрола на сомнителен камион кој влегувал во Турција од Сирија“, при што било утврдено присуството на огненото оружје и муницијата во резервоарот на возилото.
Од соопштението се наведува и дека возачот на камионот е приведен, а случајот е предаден на надлежните органи за понатамошна истрага. ссм/ми
фото: архива/илустрација