• понеделник, 23 декември 2024

„Новинари за човекови права“ со писмо до политичките партии по повод Светскиот ден на водата

„Новинари за човекови права“ со писмо до политичките партии по повод  Светскиот ден на водата

Скопје, 22 март 2024 (МИА) - Новинари за човекови права, организација која застапува правичен пристап до вода, санитација и менстраулна хигиена изразува загриженост за овие важни прашања и бара од политичките партии да ги вклучат овие теми во нивната политичка агенда.

- Од вас бараме заложби што нема да бидат само декларативни, туку ќе покажат вистински промени. Правичен пристап до вода и санитација: Застапување на пристапот до чиста вода и пристојни санитарни услуги за сите граѓани, особено за оние во рурални области и маргинализирани заедници.  Заштита на водните ресурси: Поддршка за законодавство и политики кои ги заштитуваат водните ресурси и спречуваат приватизација, обезбедувајќи водата да остане јавно добро. Обезбедување услови за управување со менструалната хигиена: бесплатни менструални производи за сите девојки и жени кои не можат да ги обезбедат, како и едукативни програми за подигнување на свеста за важноста на менструалното здравје и Пристапни училишни тоалети: Осигурување дека училишните тоалети се пристапни и безбедни за сите ученици, без разлика на нивниот пол, исто така вклучувајќи ги и потребите за менструална хигиена, се наведува во соопштението од Тимот на Новинари за човекови права.

Според нив, внесување на овие заложби во агендите на политичките партии ќе има значителен позитивен ефект врз животните услови на граѓаните и ќе придонесе кон заштита на животната средина и јавното здравје. дма/бак/

Фото: МИА архива

Остани поврзан