• понеделник, 18 ноември 2024

Орбан и Моравјецки: Владеењето на правото не може да биде услов за средствата од ЕУ

Орбан и Моравјецки: Владеењето на правото не може да биде услов за средствата од ЕУ
Будимпешта, 26 ноември 2020 (МИА) - Унгарија и Полска остануваат на својот став дека владеењето на правото не може да биде услов за пристап до парите од европскиот буџет и европскиот план за обнова, освен ако не се смени основниот документ на Европска Унија, изјавија денеска двајцата премиери по средбата во Будимпешта. Унгарскиот и полскиот премиер, Виктор Орбан и Матеуш Моравјецки предложија решавање на блокадата во две фази. Првата фаза е да се стават парите на располагање на земјите, а подоцна да се одлучува дали треба да се поврзат владеењето на правото и финансиските интереси на ЕУ и европскиот план за обнова. Унгарија и Полска минатата недела ставија вето на најновиот повеќегодишен буџет на ЕУ и на планот за обнова. Тие се против механизмот кој дозволува да бидат лишени од средствата во случај на кршење на владеењето на правото (независно судство, политика против корупцијата), оценувајќи го како напад врз новната независност. - Предлогот што е на маса е неприфатлив за Унгарија. И да биде јасно како што пишува во декларацијата ние ќе ги обединиме силите во овој спор. Унгарија нема да прифати предлог што е неприфатлив за Полска и обратно, истакна Орбан. Кризата предизвика и тензии во Европска народна партија (ЕПП), чија членка е партијата на Орбан, Фидес. ми/

Остани поврзан