Орбан во посета на Србија
- Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска ќе го прими во работна посета премиерот на Унгарија, Виктор Орбан

Белград, 8 јули 2021 (МИА) - Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска ќе го прими во работна посета премиерот на Унгарија, Виктор Орбан.
Вучиќ и Орбан прво ќе имаат тет-а-тет средба, а потоа ќе присуствуваат на пленарниот состанок на делегациите на двете земји, соопшти Кабинетот на српскиот претседател.
Предвидена е и церемонија на предавање на Орден на српско знаме од прв степен на унгарскиот министер за надворешни работи и надворешна трговија Петер Сијарто. ми/