Општинско претпријатие за водовод постави камери за да открива граѓани при евентуална злоупотреба на водоснабдителниот систем
- Јавното претпријатие за водовод и канализација „Шар“ од Тетово денеска информираше дека поставиле камери за видеонадзор со цел да се снимаат местата каде се наоѓаат вентили и контролни уреди од градскиот водоснабдителен систем. Истакнуваат дека оваа мерка е преземена за заштита на безбедноста на водоснабдувањето.
Тетово, 30 октомври 2024 (МИА) – Јавното претпријатие за водовод и канализација „Шар“ од Тетово денеска информираше дека поставиле камери за видеонадзор со цел да се снимаат местата каде се наоѓаат вентили и контролни уреди од градскиот водоснабдителен систем. Истакнуваат дека оваа мерка е преземена за заштита на безбедноста на водоснабдувањето.
- Многу неодговорни граѓани во минатото без дозвола ја прекинувале или пуштале водата, предизвикувајќи проблеми за сите. Од сега па натаму, овие места ќе бидат под 24/7 надзор со безбедносни камери, и претпријатието ќе преземе строги мерки за идентификување и казнување на секој кој ќе интервенира или ќе го оштети јавниот водоводен систем. Секое вакво прекршување ќе биде објавено и санкционирано според важечките закони за заштита на интересите на сите граѓани, се вели во информацијата на ЈП „Шар“ од Тетово.
Неколку пати досега претпријатието информираше дека при контрола на правни субјекти се утврдени и нелегални приклучоци во водоснабдителниот систем за што повеле соодветни постапки пред институциите. ас/сст/
фото ЈП Шар