• среда, 17 декември 2025

Општина Ѓорче Петров повторно домаќин на 44-тиот општински натпревар во прва помош на Црвениот крст

Општина Ѓорче Петров повторно домаќин на 44-тиот општински натпревар во прва помош на Црвениот крст

22 мај 2025

Денеска, во прекрасниот амбиент на Централниот парк во Ѓорче Петров, се одржа 44-от општински натпревар во прва помош, организиран од Црвениот крст – Општинска организација Карпош. На свеченото отворање присуствуваше градоначалникот Александар Стојкоски, кој им упати честитки на сите учесници и организатори, нагласувајќи ја важноста на ваквите активности за едукацијата и подготовката на младите генерации.

Општина Ѓорче Петров и оваа година беше горд домаќин на натпреварот, со учество на ученици од основните училишта од општините Ѓорче Петров, Сарај и Карпош. Централниот парк повторно обезбеди одлични услови за организација на овој значаен настан.

„Особено сме горди што Ѓорче Петров повторно ја има улогата на домаќин на ваков важен натпревар. Преку овие активности ги охрабруваме младите да стекнат знаења и вештини кои можат да спасат човечки животи – а тоа е непроценливо,“ истакна градоначалникот Стојкоски.

На натпреварот учествуваа ученици кои демонстрираа одлични знаења, брза реакција и тимска соработка – вредности кои се темел за подобро и побезбедно општество.

Општина Ѓорче Петров останува цврсто посветена на поддршка на активности кои промовираат хуманост, знаење и заедништво.

Општина Ѓорче Петров

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан