• среда, 18 декември 2024

Општина Ѓорче Петров: Инвестициски циклус од 615 милиони денари за капитални проекти

Општина Ѓорче Петров: Инвестициски циклус од 615 милиони денари за капитални проекти

Скопје, 15 ноември 2024

Општина Ѓорче Петров го започнува најголемиот инвестициски циклус досега, со едногласно усвоени измени и нови развојни програми. Оваа иницијатива носи значајни капитални проекти кои ќе овозможат модернизација, урбан развој и подобар живот за сите граѓани.

Клучни проекти кои ќе бидат реализирани:

· Изградба на три нови градинки во Дексион, Александрија и Ново Село, додека изградбата на градинката во Стопански Двор веќе е во тек.

· Подготовка на основен проект за ново општинско училиште во СЗ 16, Александрија.

· Реконструкција и надградба на основните училишта „Јоаким Крчовски“ во Волково и „Страшо Пинџур“ во Даме Груев.

· Изградба на спортска сала во подрачното училиште „Димитар Поп Георгиев Беровски“ во Хром и реконструкција на салата „Христо Батанџиев“ во Ново Село.

· Развој на спортски комплекс во Ново Село и нов еко парк во СЗ 20.

· Реконструкција и доградба на Домот на културата „Ѓорче Петров“.

· Завршна фаза на реконструкција на улицата Радушка и изградба на пешачка патека со осветлување од Волково до село Орман.

· Нови улици, канализациони и водоводни мрежи, како и монтажна катна гаража во реонскиот центар.

Овие проекти ќе придонесат за современ изглед на општината, урбан развој и значајни подобрувања во секојдневниот живот на жителите.

Ѓорче Петров станува модерна, урбана и развиена општина!

 

Општина Ѓорче Петров

Фото: Општина Ѓорче Петров

________________________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан