• среда, 15 мај 2024

Општина Чашка со повеќе активности за подобрување на локалната и регионална инфраструктура

Општина Чашка со повеќе активности за подобрување на локалната и регионална инфраструктура

Велес, 10 ноември 2022 (МИА) - Општина Чашка преку Јавното претпријатие за комунални дејности  Тополка реализираше повеќе активности со сопствената механизација и човечки ресурси се со цел подобрување на инфраструктурата во општината.

Како што информира градоначалникот Горан Стојановски се работело на: чистење на канали на локален пат Дреново - Јаболчиште, на поставување заштитна ограда на мостови во Голозинци и Бистрица. Потоа и на чистење на просторот околу фудбалското игралише во населба Чашка, како и на чистење на просторот околу Дневниот центар за стари лица во населба Чашка.

 -Целта е да овозможиме пофункционален живот на населението од сите населени места во Општина Чашка. Со овие активности продолжуваме и во наредниот период, најави Стојановски. ад/мд/

Остани поврзан