• понеделник, 23 декември 2024

Општина Центар ја поддржува граѓанската петиција за преземање мерки за безбедност на децата

Општина Центар ја поддржува граѓанската петиција за преземање мерки за безбедност на децата

Скопје, 26 октомври 2023 (МИА) - Општина Центар соопшти дека целосно ја поддржува петицијата потпишана од група граѓани/родители чии деца учат во ОУ „Коле Неделковски“ во Општина Центар, со која, меѓу другото, се бара редовно полициско патролирање на локациите во општината каде се собираат младите и видеонадзор и контрола во и надвор од училиштата.

Како што соопшти Општина Центар, петицијата е „резултат на загриженоста на родителите за безбедноста на децата во реонот на Дебар Маало откога пред два месеца тие алармираа за насилство и девијантни однесувања од малолетници“.

Во петицијата, во која како родител се потпишал и градоначалникот на Центар Горан Герасимовски, се бара редовно полициско патролирање на локациите во општината каде се собираат младите, нивна едукација за препознавање на деликвентни појави и разни облици на насилство и педофилија, видеонадзор и контрола во и надвор од училиштата, како и измени на законите со цел да се формира комунална полиција во рамките на локалната самоуправа.

-Општина Центар е отворена за институционална соработка со цел да им се излезе во пресрет на граѓаните за безбедност на нивните деца, по алармот на родителите и по немилите настани кои се случија во реонот на Дебар Маало и округот на училиштето „Коле Неделковски“, соопшти Општина Центар.

Покрај до Општината, петицијата на родителите е доставена и до министерствата за внатрешни работи, за образование и наука, за труд и социјална политика и за локална самоуправа. хс/ цр

Фото: МИА архива 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан