• петок, 05 декември 2025

Општина Центар: Дератизацијата не е опасност за кучињата и мачките, да не се шират дезинформации

Општина Центар: Дератизацијата не е опасност за кучињата и мачките, да не се шират дезинформации

Скопје, 4 септември 2025

Дератизацијата не е опасност за кучињата и мачките, да не се шират дезинформации, се наведува во соопштението од Општина Центар, што МИА го пренесува интегрално.

Општина Центар најостро ги отфрла шпекулациите дека дератизацијата претставува опасност за животните

Ве информираме дека дератизацијата се спроведува редовно и исклучиво од стручни лица од Центарот за јавно здравје, со употреба на методи и средства кои се безбедни и не претставуваат закана за кучињата, мачките и другите домашни миленици.

Апелираме до граѓаните да не подлегнуваат на непроверени и неточни информации кои во јавноста се пласираат од одредени неквалификувани и нелиценцирани лица или организации. Ваквите дезинформации неосновано предизвикуваат страв и паника кај граѓаните и непотребно ја вознемируваат јавноста.

За Општина Центар, врвен приоритет, како и досега, така и во иднина се интересите на сите наши граѓани, нивните миленици и незгрижените животни.

Општина Центар

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан