• недела, 22 декември 2024

Општина Тетово со обвинувања до СВР Тетово за отежнување на собирањето на сметот во градот

Општина Тетово со обвинувања до СВР Тетово за отежнување на собирањето на сметот во градот

Тетово, 8 април 2024 (МИА) - Од Општина Тетово преку вонредна прес-конференција денеска го обвинија Секторот за внатрешни работи (СВР) Тетово за отежнување на собирањето на сметот во градот.

Претседателот на Советот на Општина Тетово, Бесар Дурмиши истакна дека полицијата секојдневно неправедно ги праќа камионите на компанијата „Заубермахер“, на технички преглед, само за, како што рече, да ја попречи работата на компанијата која го собира сметот низ градот, а тоа се случува на само два дена пред празникот Бајрам.

-Оваа акција на полицијата против општина Тетово и компанијата се случува секојдневно без никакво објаснување и јасно е дека тенденцијата е да се попречи работата на општината која постојано се грижи за подобрување на состојбата во градот и креирање подобри услови за граѓаните. Сакаме да нагласиме дека камионите на компанијата „Заубермахер“ се регистрирани согласно законот и сите ги исполнуваат техничките услови за да работат на терен. Но, овие проверки од страна на полицијата се вршат само на камионите на оваа компанија, со исклучок на другите возила кои кружат низ градот. Значи, имаме политичка класификација, истакна Дурмиши.

Тој вели дека од 15 март до сега три пати камионите се однесени на технички преглед и казнуван при што се изречени казни од 250 евра и повисоки по камион. Посочи дека ист камион во рок од 15 дена два пати бил испратен на технички преглед.

-Јавно го прашуваме СВР, од која причина се прави вонредна проверка на камионите на компанијата, кога е познато дека проверките не можат да се прават секој ден, како што е случајот со полицијата. Полицијата досега не саботираше на разни начини со одбивање на секое барање на општината. Замислете во рок од 20 дена камионите на оваа компанија три пати биле праќани на технички преглед, додека полицијата на Тетово не ги примила ниту ги испратила на технички преглед возилата на претпријатијата и другите државни институции, што докажува дека акцијата се одвива за политички причини и на штета на Тетово. Овие контроли го одложуваат процесот на собирање отпад бидејќи техничките процедури траат долго време. Нема да се повлечеме, туку ќе продолжиме со сите форми и сили за градот Тетово да биде чист, изјави Дурмиши.ас/фф/

Фото: МИА 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан