• петок, 05 декември 2025

Општина Тетово и Национален парк Шар Планина потпишаа меморандум за соработка за одржлив развој и заштита на животната средина

Општина Тетово и Национален парк Шар Планина потпишаа меморандум за соработка за одржлив развој и заштита на животната средина

Tетово, 10 јули 2025 (МИА) - Градоначалникот на Тетово Биљал Касами, заедно со вршителот на должност директор на Јавната установа Национален парк Шар Планина Евзал Елмази, денеска потпишаа Меморандум за соработка со цел зајакнување на меѓуинституционалното партнерство во насока на промоција на планинскиот туризам, заштита на животната средина и превенција од пожари во подрачјето на Шар Планина.

Договорената соработка подразбира реализација на заеднички проекти и координирани активности, со што Шар Планина ќе се третира не само како еколошко богатство, туку и како економски потенцијал што придонесува кон подобрување на квалитетот на живот на граѓаните.

- За прв пат се воспоставува институционална соработка меѓу две важни институции за менаџирање со убавините кои се на Шара, исто времено на територија на Општина Тетово и на територија на Националниот парк. Се работи за заемен интерес на двете институции и во делот во менаџирање со отпадот кој се создава во населените места кои се во рамките и во територијата на Националниот парк како и промовирање на овие убавини пред туристите кои го посетуваат овој парк. Не чекаат сериозни проекти во делот на имплементација на заложби од овој меморандум за соработка, најави Касами.

Според в.д директорот овој меморандум претставува конкретна обврска за одржлив развој и одговорно управување со природните ресурси на подрачјето.

- Официјализацијата на овие соработки е иницирана претходно, но само градоначалникот на Тетово позитивно одговори на оваа иницијатива и изрази подготвеност за соработка со нашата институција. Се надевам дека заедно со посветеноста на двете институции, на двете две страни и ќе го зголемиме и промовираме планинскиот туризам, ќе ја подобриме благосостојбата на локалното население, ќе создадеме можност и за бизнисмените и нови работни места. Сето ова со конкретни чекори и јасна визија за нивно остварување, рече Евзал Елмази

Градоначалникот Касами на новинарско прашање дали општината даде и финансиска поддршка на работата на Паркот, рече дека како институција имаат интерес и можност за таква помош. ас/сст/
фото МИА 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан