• четврток, 04 декември 2025

Општина Струмица го објави конкурсот за доделување на наградата „Свети петнаесет Тивериополски свештеномаченици“

Општина Струмица го објави конкурсот за доделување на наградата „Свети петнаесет Тивериополски свештеномаченици“

Струмица, 5 ноември 2025 (МИА) - Општина Струмица го објави конкурсот за доделување на наградата „Свети петнаесет Тивериополски свештеномаченици“, која традиционално и оваа година, по повод најголемиот општински празник, ќе биде доделена како Годишна и Награда за животно дело на Општина Струмица.

Наградата се доделува на 11 декември како признание на правни и физички лица од Општина Струмица, Република Северна Македонија и други држави, како и на меѓународни организации и асоцијации и нивни претставници за посебни остварувања во стопанството, науката, уметноста, културата, воспитувањето и образованието, здравствената заштита, социјалната заштита, спортот, техничката култура, заштитата и унапредувањето на животната средина и природата, како и сите други сегменти од животот, што дале посебен придонес за развој и афирмација на Општина Струмица во Македонија и пошироко.

Конкурсот е објавен вчера и трае заклучно со 20 ноември, а повеќе информации може да се добијат на општинската веб страница.рт/вј/

Фото: Општина Струмица

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан