• четврток, 14 ноември 2024

Општина Ранковце набави две нови возила, за општината и за комуналното претпријатие

Општина Ранковце набави две нови возила, за општината и за комуналното претпријатие

Крива Паланка, 25 декември 2023 (МИА) - Општина Ранковце набави трактор за потребите на јавното комунално претпријатие "Чист ден", а со буџетски средства изврши набавка и на патничко моторно возило за локалната самоуправа.

-Секојдневно работиме за подобрување на животниот стандард на нашите сограѓани, за таа цел, парите од граѓаните ги вложуваме за набавка на машини со кои ќе го подобриме квалитетот на услуги што ги испорачуваме. За потребите на јавното комунално претпријатие набавивме трактор во вредност од 1.5 милиони денари, средства обезбедени од Буџетот на Општина Ранковце, информира Борче Спасовски, градоначалник на Ранковце.

Рече, од буџетски средства, за потребите на општинската администрација, за потребите на градоначалникот и Советот на Општина Ранковце, најновата извршена набавка е патничко моторно возило Цитроен Ц4,  во вредност од 1.4 милиони денари. Инаку, во општината во тек се повеќе инфраструктурни проекти за подобрување на локалната патна инфраструктура.

-Веќе две недели се реализира на терен првата фаза за реконструкција на локален пат во село Ранковце, м.в.Зердин Дуб, со финансиска подршка на Министерството за Транспорт и Врски од Потпрограма "Подршка за имплементација на Декадата и стратегијата за Ромите", додава Спасовски.

Наскоро, преку Бирото за регионален развој со средства во износ од 6.3 милиони денари, ќе се реализира проектот „Подобрена пристапна патна инфраструктура во селата во Општина Ранковце".

-Договорот е потпишан и истиот ќе опфати реконструкција на три локални патни правци во вкупна должина од околу еден километар: реконструкција на локален пат село Ранковце, П213-Црква Св. Богородица, локален пат село Гиновце и локален пат село Ветуница, додава Спасовски. ид/сст/

Фото Општина Ранковце 

Остани поврзан