• сабота, 06 декември 2025

Општина Македонска Каменица инвестира над 6,6 милиони денари во реконструкција на водовод

Општина Македонска Каменица инвестира над 6,6 милиони денари во реконструкција на водовод

Македонска Каменица, 4 јули 2025 (МИА) – Во Македонска Каменица во тек се градежни активности за реконструкција на водоводната линија од дренажниот зафат „Моштичка река“ до собирната шахта од главниот водоводен систем. Како што информираше денеска градоначалникот Димчо Атанасовски работите се во должина од 890 метри.

-Средствата за реализација на проектот, во вкупен износ од 6.618.734,46 денари, се обезбедени од Буџетот на Општина Македонска Каменица. Рокот за завршување на градежните работи е четири месеци, информираше Атанасовски.

Проектот како што додаде има за цел значително подобрување на квалитетот на водата за пиење во општината.

-Обезбедувањето на чиста, здрава и квалитетна вода за секое домаќинство останува врвен приоритет во нашето работење и основна заложба во развојните политики на општината, додаде Атанасовски.

Најави продолжување со инвестиции во инфраструктура што носи реални придобивки за граѓаните. вс/сст/

Фото: Општина Македонска Каменица

Остани поврзан