• сабота, 23 ноември 2024

Општина Маврово и Ростуше одвои 500.000 денари за настраданите од земјотресот во Турција и Сирија, прогласи и денови на жалост 

Општина Маврово и Ростуше одвои 500.000 денари за настраданите од земјотресот во Турција и Сирија, прогласи и денови на жалост 

Дебар, 7 февруари 2023 (МИА) – Поради состојбата после катастрофалниот земјотрес што се случи во Турција и во Сирија, по барање на градоначалникот Медат Куртовски, Советот на општина Маврово и Ростуше попладнево одржа вонредна седница. 

На седницата, по предлог на Куртовски, донесена е едногласно одлука да се додели финансиска помош во износ од 500.000 денари за настраданите во подрачјата погодени од земјотресот.   

- Исто така едногласно беше одлучено деновите до 12. 02. 2023 година да се прогласуват за денови на жалост во нашата општина и знамињата пред седиштето на општината ќе бидат поставени на половина копје. Искрено сочувствуваме со братските народи во Република Турција и Сирија, изразуваме жалење за загубените човечки животи и посакуваме брзо закрепнување на сите повредени лица, велат од општината. 

 Жителите на оваа општина хуманоста ја демонстрираат на дело. На неколку пункта уште од вчера веќе се собира хуманитарна помош. 

 Општина Маврово и Ростуше и претходно, во рамки на своите можности, веќе ја има покажано хуманоста на дело.  

 На 31 јануари пред две години Советот донесе одлука за финансиска помош во износ од 310.000 денари за настраданите од катастрофалниот земјотрес во градот Елазит, Турција.  

Општината се солидаризираше и со настраданите во катастрофалниот земјотрес што на 26 ноември 2019 година ја погоди Албанија, издвојувајќи финансиска помош во вредност од 180.000 денари.  

Седумдневна жалост, вчера на вонредна седница,  прогласи општина Центар Жупа, каде советот на општината утре на вонредна седница ќе одлучи за висината на финансиката помош за настраданите во Турција и Сирија. вт/цр

Остани поврзан