• петок, 22 ноември 2024

Општина Кисела Вода испрати хуманитарна помош за регионите погодени со пожари

Општина Кисела Вода испрати хуманитарна помош за регионите погодени со пожари

Скопје, 31 јули 2024 (МИА) - Општина Кисела Вода соопшти дека со голема загриженост ја следи ситуацијата со огромните пожари што го зафатија источниот дел на земјава.

По тој повод, во знак на солидарност и поддршка кон погодените подрачја, од Општината информираат дека испратиле комбе со помош која содржи вода за пиење, сокови, напивки, конзервирана храна и други намирници кои му се потребни на населението во тие области.

-Во моменти на криза, солидарноста и заедништвото се од клучно значење. Општина Кисела Вода ја изразува својата поддршка и солидарност со сите погодени од пожарите. Се надеваме дека оваа криза ќе заврши брзо и со што помала материјална штета. Ваквите тешки моменти нè потсетуваат на важноста од помагање едни на други и затоа ги повикувам и другите општини да испратат помош во погодените подрачја. Заедно, со единство и солидарност, можеме да ги надминеме сите предизвици, изјави градоначалникот на Општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски, стои во соопштението. вг/ац/

Фото: Општина Кисела Вода

Остани поврзан