• недела, 30 јуни 2024

Општина Карпош алармира за совесно одложување на кабастиот отпад

Општина Карпош алармира за совесно одложување на кабастиот отпад
Скопје, 17 април 2021 (МИА) - Кабастиот отпад (застарен мебел, електричен и електронски отпад) граѓаните можат да го одложат во пунктот на ЈП „Комунална хигиена“ Скопје, во Карпош 3, долж булеварот „Илинден“, позади бензинската станица „Макпетрол“, соопшти денеска општина Карпош. Овој пункт работи од 07:30 до 19:00 часот, секој ден и оваа услуга е без паричен надомест. Од Општината наведуваат дека кога станува збор за транспорт на кабастиот отпад и негово подигнување од домаќинството, граѓаните можат да контактираат со јавното претпријатие на 0800-222-33. Оваа услуга се наплаќа. Општина Карпош ги потсетува сите граѓани, правилно и совесно да го одложуваат кабастиот отпад и истиот да не го фрлаат околу контејнерите за комунален отпад. Комуналните служби на општина Карпош, се вели во соопштението, се во координација со ЈП „Комунална хигиена“ за да се спроведе и викенд – акција за подигнување на кабаст отпад. Намерата е да се постават поголеми контејнери на повеќе локации во населбите. -Сите сме одговорни за чиста општина и заштита на животната средина. Сите информации и контакти во врска со одложувањето на отпадот се поставени на веб страната: https://bit.ly/3doq5py, се додава во соопштението. ац/

Остани поврзан