• недела, 30 јуни 2024
МВР Билтен

Скопје, 30 јуни 2024 (МИА) - На подрачјето на Центар, во Скопје, вчера во 22:30 часот полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Н.(27) од Скопје поради тоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Во  периодот од 22.30 часот на 29.06. до 01.20 часот на 30.06.2024, за време на  одржување на забава на место викано „Бабуна“, велешко, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода Ф.И.(33) од Прилеп, И.Ш. (31) од Прилеп,  Д.С. (22) од Пробиштип, Б.Б.(51) од село Василево, струмичко, С.А.(22) од Скопје, П.Т.(21) од Велес и С.М.(38) од Велес. При преглед кај лицата биле пронајдени бела прашкаста материја и марихуана. Известен бил јавен обвинител и по документирање на настаните ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Вчера во 15.00 часот на Граничниот премин „Ќафасан“ полициски службеници ги лишиле од слобода Т.Р.(36) и Л.Л.(32), двајцата од Р.Албанија, поради тоа што при извршена пасошка контрола констатирано било дека се барале по распишана телеграма од ОВР Струга. Тие биле предадени на полициски службеници од Полициската станица Струга за понатамошна постапка. 

Во Полициската станица Свети Николе вчера во 18:30 часот било пријавено дека на натпатникот од А4 исклучок за Свети Николе мотоцикл „јамаха“ со кумановски регистарски ознаки, управуван од Т.М.(39) од Куманово, излетал надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Свети Николе.

Вчера во 14.20 часот во Полициската станица Неготино било пријавено дека на ул.„Индустриска“ во Неготино патничко возило „мерцедес“ со неготински регистарски ознаки, управувано од Д.М.(32) од Неготино, удрило во М.С.(73) од Неготино. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.С. констатирани во болницата во Неготино. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Неготино.

Во Полициската станица Центар вчера во 02:30 часот М.Т.(22) од Скопје пријавил дека на ул.„Орце Николов“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

Вчера во времето од 16.00 до 20.00 часот од страна на полициски службеници од СВР Скопје постапено е по план за сузбивање на питачење на подрачјето на Центар и Бит Пазар и притоа се затекнати вкупно 11 лица од кои девет се приведени за сторен прекршок по чл.24 од ЗППЈРМ (питачење), а двајца биле лишени од слобода во полициска станица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“ по чл.201 од КЗ на РСМ. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Во Полициската станица Чаир вчера во 12:05 часот Х.Г.(75) од Скопје пријавил дека на ул.„Тале Христов“ во Скопје бил каснат од куче скитник. аа/

Фото: МИА архива

 

Тагови

Остани поврзан