Општина Зрновци продаде 15 градежни парцели за објекти за индивидуално домување
- На инвеститорите им беа понудени вкупно 21 градежнa парцела во сите трите населени места, интересот за купување бил голем и надмината е очекуваната сума од 1,3 милиони денари.
![Општина Зрновци продаде 15 градежни парцели за објекти за индивидуално домување](https://mia.mk/images/20250215101014_big_730x400_2.webp )
Кочани, 15 февруари 2025 (МИА) – Општина Зрновци продаде 15 парцели за изградба на објекти за индивидуално домување на јавниот повик за оттуѓување на државно градежно земјиште.
На инвеститорите им беа понудени вкупно 21 градежнa парцела во сите трите населени места, интересот за купување бил голем и надмината е очекуваната сума од 1,3 милиони денари.
-По спроведеното електронско јавно надавање оттуѓени се парцели за изградба на семејни куќи со вкупна површина од 19 илјади квадратни метри, а буџетот на Локалната самоуправа ќе биде надополнет со над 1,57 милиони денари. Од вкупниот број парцели, девет се во Зрновци, седум во Видовиште и две во Мородвис. На четири од нив во Зрновци е предвидено да се градат објекти со приземје и два ката, додека останатите се за приземје, два ката и поткровје, истакна Борчо Коцев, градоначалник на Општина Зрновци.
Продажбата на градежно земјиште во една од најмалите општини во државата се реализираше по пауза од неколку години, а од Локалната самоуправа информираа дека во изминатиот период најголем интерес граѓаните покажале за изградба на сопствени куќи. Исто така, имало и заинтересирани инвеститори за стопански објекти, поради што се планира во следната објава за продажба да се понудат и соодветни парцели. та/нд/
фото: МИА