Општина Демир Капија објави јавни повици за избор на членови на Надзорен и Управен одбор на ЈП „Бошава“
- Општина Демир Капија објави јавни повици за избор на членови на Надзорен и Управен одбор на Јавното претпријатие за комунални работи „Бошава“ Ц.О. Демир Капија.
Демир Капија, 12 јануари 2026 (МИА) - Општина Демир Капија објави јавни повици за избор на членови на Надзорен и Управен одбор на Јавното претпријатие за комунални работи „Бошава“ Ц.О. Демир Капија.
Како што се појаснува на официјалната веб-страница на Општината, првиот Јавен повик се однесува за пријавување на кандидати за избор на три члена во Надзорниот одбор за контрола на материјално-финансиското работење на Јавното претпријатие за комунални работи „Бошава“ Ц.О. Демир Капија, со мандат од четири години со право на уште еден последователен мандат.
Другиот Јавен повик се однесува за пријавување на кандидати за избор на пет члена во Управниот одбор на Јавното претпријатие за комунални работи „Бошава“ Ц.О. Демир Капија, со мандат од четири години со право на уште еден последователен мандат.
Крајниот рок за поднесување на пријавите на заинтересираните лица со потребната документација е најдоцна до 16 јануари - петок.
Повеќе детали за јавните повици на Општината, заинтересираните може да најдат на официјалната веб-страница. свд/
Фото: МИА