Општина Делчево го изготви нацрт документот за подобрување на безбедноста во сообраќајот на патиштата
- Општина Делчево го изготви нацрт документот Стратегија за безбедност на патиштата и Акциски план на територијата на Општина Делчево за период 2023-2027. Активноста се реализира во соработка со Министерството за транспорт и врски, а целта меѓу другото како што истакнаа од Општината е подобрување на безбедноста во сообраќајот на патиштата.

Делчево, 10 април 2023 (МИА) - Општина Делчево го изготви нацрт документот Стратегија за безбедност на патиштата и Акциски план на територијата на Општина Делчево за период 2023-2027. Активноста се реализира во соработка со Министерството за транспорт и врски, а целта меѓу другото како што истакнаа од Општината е подобрување на безбедноста во сообраќајот на патиштата.
- Стратегијата се изготвува во рамки на активностите за операционализација на институционални промени, предвидени во проектната активност „Преглед на капацитетите за управување со безбедноста во сообраќајот и подобрување на капацитетите за управување на сообраќајот на локално ниво“. На општинската веб-страница граѓаните во прилог го имаат самиот нацрт документ Стратегија за безбедност на патиштата и Акциски план на територијата на Општина Делчево за период 2023-2027, како и Анкетен лист каде би можеле да достават коментар, информираа од Општина Делчево.
Овој документ, како што истакна градоначалникот Горан Трајковски, е неопходна алатка и одговор на Општината за поголема безбедност на сите учесници во сообраќајот каоо одговор на се побрзиот урбан развој, зголемената мобилност во светот и кај нас на сè поголемиот број возила, а со тоа и учесници во сообраќајот.
- Имаме обврска да изработиме еден ваков документ кој има за цел преку конкретни и стручно дефинирани активности да се намалат сообраќајните незгоди на територијата на нашата локална самоуправа. Во таа смисла, ќе пренесам одредени факти. Во периодот од 2020 до 2021 година на патиштата во Општина Делчево се случиле 75 сообраќајни незгоди во кои се повредени 51 лице, а 4 лица загинале. Мора да имаме предвид дека овие бројки ги вклучуваат животите на нашите
сограѓани, нивните семејства, пријатели и лични страдања, но предизвикуваат и големи економски последици за животната средина и општеството, истакна Трајковски.
Потенцираше дека за остварлив стратешки план, неопходна е вклученост на сите
институции, организации и поединци кои живеат или работат на подрачјето на Општина Делчево.
- Само преку интегрирано делување, нашата локална заедница можеме да ја направиме безбедно место за сите учесници во сообраќајот, како за нашите сограѓани, така и за сите кои транзитираат
низ нашата општина. Искрено се надевам дека овие стратешки документи ќе ги дадат очекуваните резултати и решени сме со усвојувањето и спроведувањето на Стратегијата да го направиме првиот чекор кон побезбеден сообраќај во Општина Делчево, додаде Трајковски.
Тој изрази благодарност до Министерството за транспорт и врски што овозможија реализација на проектната активност „Преглед на капацитетите за управување со безбедноста во сообраќајот и подобрување на капацитетите за управување на сообраќајот на локално ниво“, како и
на сите активни учесници во изработката на документот. вс/цр
Фото: МИА