• петок, 22 ноември 2024

Општина Дебар ги повика граѓаните да учествуваат во креирањето на буџетот за 2023 година 

Општина Дебар ги повика граѓаните да учествуваат во креирањето на буџетот за 2023 година 

Дебар, 22 ноември 2022 (МИА) - Општина Дебар ги повика  сите правни и физички лица  да учествуваат во процесот на изработка на Нацрт-буџетот за 2023 година. 

За да учествуваат во процесот на креирање на општинскиот буџет за следната година и да се лоцираат средствата согласно нивните потреби, објавен е формулар кој на жителите им овозможува да достават предлози од приоритетно значење. 

-Со цел да се подобрат јавните услуги и транспарентноста, Општина Дебар објави формулар што им овозможува на сите заинтересирани правни и физички лица да наведат барања или да предложат идеи кои би можеле да влезат во рамки на буџетот за 2023 година, информираа од општината. 

Додаваат дека заинтересираните лица можат да го пополнат формуларот, што може да го најдат на сајтот на општината, за што потребно е малку време а е многу значајно во одредувањето на приоритети во подготовката на буџетот. 

Изработката на Нацрт – буџетот за 2023 година е почната согласно насоките добиени од страна на Министерството за финансии, а врз основа на Законот за буџети и Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа. вт/дма/

 

 

Остани поврзан