• среда, 08 мај 2024

Општина Гевгелија: Граѓаните можат да достават барање за утврдување на штетите од вчерашното невреме

Општина Гевгелија: Граѓаните можат да достават барање за утврдување на штетите од вчерашното невреме

Гевгелија, 8 март 2024 (МИА) - Општина Гевгелија ги известува граѓаните кои претрпеле штети од вчерашното невреме проследено со дожд и град кое го зафати овој регион дека можат да поднесат барање до Комисијата за проценка и утврдување на висината на штетата настаната од природни непогоди и други несреќи при Општината.

Во соопштението се наведува дека во прилог на барањето, коешто треба да се подигне од пултот на влезот во општинската зграда, граѓаните треба да достават имотен лист, договор за закуп, документи за машини или опрема, документи за жива стока или други документи, во зависност од тоа што е оштетено и копии од лична карта и трансакциска сметка, а Комисијата за проценка и утврдување на висината на штетата ќе постапи по доставените барања.

Инаку, во вчерашното невреме удар на гром усмрти малолетник во атарот на селото Негорци, кога ја напасувал стоката. рт/дма/

Фото: Општина Гевгелија

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан