Општина Гази Баба со 500 илјади денари помош за настраданите во Турција и Сирија
- Советот на општина Гази Баба по иницијатива на градоначалникот Бобан Стефковски на седница денеска донесе одлука за определување 500 000 денари финансиска помош за настраданото население во

Скопје, 7 февруари 2023 (МИА) - Советот на општина Гази Баба по иницијатива на градоначалникот Бобан Стефковски на седница денеска донесе одлука за определување 500 000 денари финансиска помош за настраданото население во Турција и Сирија.
Градоначалникот Стефковски на својот официјален фејсбук профил меѓу другото и се заблагодари на претседателката на Советот Дијана Илиевска за итното прифаќање на неговото барање и свикување на седницата за краток рок.
- На почетокот на седницата со едноминутно молчење оддадовме почит на загинатите во земјотресот. Гази Баба ќе продолжи да помага!, напиша Стефковски. цр/аа/