Во Белград средба на министрите за администрација на Србија и на Северна Македонија
- Министрите за јавна администрација на Србија и на Северна Македонија, Снежана Пауновиќ и Горан Минчев, денеска во Белград разговараа за понатамошно зајакнување на соработката.
Белград, 20 март 2026 (МИА) - Министрите за јавна администрација на Србија и на Северна Македонија, Снежана Пауновиќ и Горан Минчев, денеска во Белград разговараа за понатамошно зајакнување на соработката.
„Средбата претставува важен чекор во продлабочувањето на партнерството засновано на меѓусебна доверба, стабилни односи и заедничка визија за модерна, ефикасна и граѓанско-ориентирана администрација“, се наведува во соопштението.
Во соопштението се додава дека реформата на јавната администрација во Србија „е признаена како пример за добра пракса во регионот и дека постои јасна подготвеност за споделување на овие искуства со институциите на Северна Македонија“.
„За време на состанокот беше договорено да се подобри соработката во клучните области, вклучувајќи управување со човечки ресурси, изработка на јавни политики, стратешки документи и законски решенија, како и развој на современи информациски системи“. зш/вј/