• понеделник, 04 ноември 2024

Општина Велес до Владата аплицираше за изградба на подземна гаража и нов плоштад во центарот на градот

Општина Велес до Владата аплицираше за изградба на подземна гаража и нов плоштад во центарот на градот

Велес, 13 септември 2024 (МИА) - Општина  Велес аплицирала на јавниот повик за финансирање на проекти од инфраструктурен карактер до Владата со проект за изградба на подземна гаража кај Основниот суд, за простор за околу стотина возила, а потоа и за изградба на нов плоштад врз неа.

Во изјава за МИА, градоначалникот Марко Колев денеска посочи дека очекува позитивен одговор по ова барање до  Владата, за овој значаен капитален објект на градот, подземна гаража и нов плоштад вреден три милиони евра.

- Се надеваме на позитивен одговор од Владата за изведба на подземната катна гаража и уредување на градскиот плоштад, со што централното градско подрачје ќе биде функционална целина и ќе се решат многу значајни проблеми за велешани, објави Колев.

Колев информира дека за оваа катна гаража веќе имаат готов проект, имаат ревизија издадено решение за градба и сообраќајно решение. ад/цр

Фото: МИА архива

Остани поврзан