• недела, 22 декември 2024

Општина Василево ги уредува речните пристапи за празникот Богојавление-Водици

Општина Василево ги уредува речните пристапи за празникот Богојавление-Водици

Струмица, 16 јануари 2024 (МИА) - Општина Василево, во соработка со ЈПКД „Турија“, врши уредување на речниот простор во населените места за извршување на чинот на осветување на водите по повод празникот Богојавление-Водици.

Комуналното претпријатие со механизација врши отстранување на вегетацијата и целосно расчистување на просторот каде ќе биде изведен светиот чин на осветрување на водите и спуштањето на крстот.

Како што информираше градоначалникот Славе Андонов, станува збор за речните приоди во населените места Василево, Пиперево, Добрашинци, Владевци и Сушево, додека во другите населени места на Општината овој чин се изведува во специјално за таа намена изградените базени во црковните дворови.

Инаку, Општина Василево и годинава е покровител на овој настан и за најсреќните, кои ќе успеат да го извадат светиот крст од осветените води, има обезбедено парична награда.

Чинот на осветување ќе се изврши утрото на 19 јануари, на празникот Богојавление- Водици, веднаш по утринската богослужба во црковните храмови во секое населено место. рт/дма/

Фото: Општина Василево

Остани поврзан