Општина Бутел: Eднократна финансиска помош од 2.000 денари за најранливата категорија пензионери со минимална пензија
- Општина Бутел објави јавен повик за доделување еднократна финансиска помош во износ од 2.000 денари за најранливата категорија пензионери со минимална пензија.
Скопје, 2 февруари 2026 (МИА) - Општина Бутел објави јавен повик за доделување еднократна финансиска помош во износ од 2.000 денари за најранливата категорија пензионери со минимална пензија.
Јавниот повик ќе биде отворен од утре до 24 февруари 2026 година. Документацијата треба да се доставува во просториите на Општина Бутел, секој работен ден од 09:00 до 15:00 часот.
Право на аплицирање имаат жители на Општина Бутел кои се приматели на старосна, семејна или инвалидска пензија со износ до 22.547 денари. Исплатата ќе се врши по принципот „прв дојден – прв услужен“.
- Со оваа мерка, Општина Бутел ја продолжува грижата и поддршката за своите најстари сограѓани, се наведува во соопштението. мд/вј/
Фото: Фејсбук на Општина Бутел