• среда, 03 јули 2024

Општина Босилово за собрани пластични шишиња доделува овошна садница

Општина Босилово за собрани пластични шишиња доделува овошна садница

Струмица, 7 април 2023 (МИА) - Општина Босилово денеска организираше голема еколошка акција за собирање пластични шишиња, а секој што ќе собере минимум 30 пластични шишиња добива овошна садница по избор.

Акцијата се организира втора година по ред под мотото „Овошни садници за пластични шишиња.

- Секој граѓанин што ќе донесе минимум 30 пластични шишиња на еден од седумнаесетте собирни пунктови ќе добие овошна садница по избор. Целта на акцијата е да ја подигнеме јавната свест за чиста и здрава животна средина. Истовремено цел ни е да ја исчистиме околината од пластика, бидејќи таа е најголем загадувач на животната средина, рече градоначалникот Ристо Манчев.

Тој очекува, како и лани, да се собере околу еден тон пластика и да бидат поделени околу 1.200 садници.

Според градоначалникот Манчев, средствата за купување садници се обезбедуваат со заштеди од буџетот, односно за нова година Општината не набавува рекламен материјал. рт/цр

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан