Општина Битола обезбеди финансиска помош за шаховски клубови во градот
- Општина Битола објави јавен повик за доделување финансиски средства од буџетот на општината за работа на шаховски спортски клубови и здруженија во градот.
![Општина Битола обезбеди финансиска помош за шаховски клубови во градот](https://mia.mk/images/20250210135510_big_730x400_12.webp )
Битола, 10 февруари 2025 (МИА) - Општина Битола објави јавен повик за доделување финансиски средства од буџетот на општината за работа на шаховски спортски клубови и здруженија во градот.
Од секторот за односи со јавност на Општина Битола посочуваат дека основни услови за доделување на финансиска поддршка на шаховските спортски клубови се да го поттикнуваат и унапредуваат шахот како спорт, да го популаризираат шахот и опфатот на што повеќе млади во своите клубови и здруженија, да ја реализираат програмата за развој на шахот, да поттикнуваат постигнување на врвни резултати, да се грижат за унапредување на младите категори, да учествуваат во национални спортски федерации или настапуваат на натпревари од национален и меѓународен карактер и своите активности и програми да ги реализираат на подрачјето на Општина Битола.
Рокот за поднесување на пријавите завршува на 21 февруари, соопштија од тамошната локална самоуправа.мт/са/
Фото: МИА