• четврток, 17 јули 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Општина Берово со предлог проект за изградба на Мултифункционална сала аплицираше по повикот на Министерството за култура и туризам

Општина Берово со предлог проект за изградба на Мултифункционална сала аплицираше по повикот на Министерството за култура и туризам

Берово, 23 март 2025 (МИА) - Со предлог проект за изградба на Мултифункционална сала во склоп на Дом на културата Димитар Беровски - Берово, Општина Берово аплицираше по објавениот Јавен повик за изразување на интерес од страна на општините, за финансирање на инфраструктурни проекти од Потпрограмата АА и утврдени, односно планирани средства за оваа намена, во Буџетот на Министерството за култура и туризам за 2025 година.

Со проектот, како што соопшти денеска градоначалникот Звонко Пекевски се предвидува да се изгради модерен и современ енергетски ефикасен објект, за одржување настани со соодветна инфраструктура и опрема.

-Повикот е објавен врз основа на Програмата за користење на капитални дотации, за финансирање на инвестициони проекти на општините и општините во Градот Скопје за 2025 година, број 50-1589/2 од 07.02.2025 година („Службен весник на РСМ“ број 27/25) ,  со вредност од 115.354.817,00  денари. Главната цел на проектот, е да се создаде динамичен и адаптабилен простор, кој ќе служи како центар за собирање, учење и размена на идеи, со фокус на културата, образованието и семинарскиот туризам, што ќе придонесе за развојот на целата заедница, истакна Пекевски.

Новата мултифункционална сала, се предвидува на местото од постоечкиот објект- кино сала, која е во лоша и руинирана состојба во центарот на градот Берово.  

-Салата ќе може да се користи за настани, театарски претстави, јавни трибини, концерти и натпревари од културно-забавниот и образовен живот во општината, што ќе овозможи вклучување на јавниот, приватниот и граѓанскиот сектор. Се надевам дека овој проект ќе биде одобрен за реализација и конечно во срцето на Берово, ќе донесеме нов мултикултурен центар, кој ќе му даде нова димензија на културно забавниот живот во градот, додаде Пекевски.

Вкупната вредност на овој проект изнесува 115.354.817,00  денари со побаран износ за финансирање на поднесениот предлог - проект за финансирање на инфраструктурни проекти, од Потпрограмата АА од Буџетот на Министерството за култура и туризам за 2025 година,  е 90.414.225,00 денари или  78,38 %, а општина Берово ќе учествува со кофинансирање во износ од 24.940.592,00 денари. вс/дма/

 

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан