• понеделник, 23 декември 2024

Општина Берово обезбеди средства за подобрување на дел од локалната патна мрежа во руралните средини

Општина Берово обезбеди средства за подобрување на дел од локалната патна мрежа во руралните средини
Берово, 27 септември 2022 (МИА) - Општина Берово обезбеди средства за подобрување на дел од локалната патна мрежа во селата Русиново и Смојмирово. Средствата со кои ќе се реконструира и пристапот на улицата ,,Борис Кидрич" во Берово, како што информираат се обезбедени од Биро за регионален развој. -Врз основа на Законот за рамномерен регионален развој, Владата на РСМ, на седницата одржана на 20 септември, донесе Одлуки за доделување на средства за финансирање на 3 проекти за Берово,  за 2022 година и тоа реконструкција на две уулици во село Русиново и село Смојмирово и тротоари на улица ,,Борис Кидрич” во Берово. Реконструкцијата ќе се реализира по повикот за доделување на средства за финансирање на проекти, за развој на подрачјата со специфични развојни потреби, за чија реализација Општината доби вкупно 3 милиони денари за реконструкција на улиците во село Русиново и дополнителни средства за реконструкција на улица во село Смојмирово и тротоарите во градската средина, информираа од Општината.
Средствата до конечната понуда на економските оператори, како што дополнија ќе се дообезбедат од Буџетот на Општина Берово, при што се очекува јавните набавки да бидат распишани по потпишување на договор, а со градба да се започне веднаш по исполнување на сите законски процедури.
-По повикот за доделување на средства за финансирање на проекти, за развој на селата, средства ќе бидат издвоени и 2,3 милиони денари за реконструкција на улица во с. Смојмирово, на потегот од црквата до селските гробишта за што се одобрени 2,3 милиони денари. Во рамки на оваа активност 2,4 милиони денари се одобрени и за реконструкција на тротоари на улица ,,Борис Кидрич”, од раскрсница со улица ,,Вељко Влаховиќ”- ,,Јуриј Гагарин”, до раскрсница со ул.,,Гоце Делчев”, додадоа од Општина Берово.
Изразија благодарност до Бирото за регионален развој и Владата на РСМ, за реализацијата на вакви проекти, кои граѓаните постојано ги истакнуваат како прииритети, а се од витално значење за развојот на Берово. вс/

Остани поврзан