• четврток, 26 март 2026

Муцунски на средби со ЕУ-претставници во Брисел: Евроинтеграциите остануваат во фокусот

Муцунски на средби со ЕУ-претставници во Брисел: Евроинтеграциите остануваат во фокусот

Брисел, 23 март во 26 (МИА) - Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска во Брисел имаше средба со со претставниците на земјите членки во работната група за проширување при Советот на Европската Унија (КОЕЛА).

- Евроинтеграциите остануваат во фокусот - исполнет ден со динамична агенда во Брисел. Ја реафирмирав посветеноста на Владата кон европскиот пат, со фокус на испорачување конкретни реформски резултати за подобрување на животот на граѓаните и натамошно усогласување со стандардите на ЕУ - објави Муцунски не „Фејсбук“.

Посочува дека ги нагласил напредокот во реформската агенда, постојната координација и активниот пристап на сите институции во оваа насока.

- Направив пресек на тековните активности што Владата ги презема за забрзување на интегративниот процес нагласувајќи ја неопходноста од јасен, предвидлив и на заслуги заснован пристапен процес, како заеднички интерес и за земјите кандидати и за земјите членки - наведува шефот на дипломатијата.

Министерот Муцунски во рамките на дводневната работна посета на Брисел ќе учествува на тркалезната маса A path for European enlargement, во организација на „Пријатели на Европа“.  

Предвидено е да има средби и со еврокомесарката за проширување Марта Кос, како и со извршната потпретседателка на Европската комисија за социјални права и вештини, квалитетни работни места и подготвеност, Роксана Минзату. Заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, ќе оствари средба и со генералната директорка за земјоделство и рурален развој при Европската комисија, Елизабет Вернер.

Муцунски ќе има повеќе средби и со пратеници во Европскиот парламент.

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, натамошната динамика на пристапниот процес, секторската соработка со институциите на Европската Унија, како и други актуелни политички, економски и реформски прашања од заеднички интерес.са/вј/

Фото: Муцунски ФБ

 

Остани поврзан