• среда, 03 јули 2024

Општина Арачино: Го решаваме проблемот со отпадот

Општина Арачино: Го решаваме проблемот со отпадот

29 декември 2023 

Почитувани граѓани на општина Арачиново

Денес во својство на домаќин имав посебна чест да го пречекам Градоначалникот на Општина Ораховац од Република Косово, почитуваниот господин Смајл Латифи, при тоа потпишавме договор за меѓугранична соработка во рамките на проектот Cross-Border Cooperation Programme Kosovo - The Republic of North Macedonia under IPA II 2019 and 2020, со проектот "Be Clean, Be Green".

Почитувани граѓани, ми претставува особена чест да споделам со вас една многу позитивна вест за граѓаните на нашата општина,имено со гордост ве информирам дека Општина Арачиново ќе биде една од првите Општини во Република Северна Македонија која ќе го реши проблемот со одпадот.

Како општина лидер на овој проект за едно со општина Ораховац која е партнер општина, општина Арачиново добива вкупно 398.000€ за проектот изградба на центар за рециклирање на отпадот,практично во нашата општина ке биде селектиран и третиран сиот отпад,и на овој начин го решаваме и долгогодишениот проблем со дивата депонија.

Во ова прилика, заедно со Градоначалникот на Општина Ораховац Смајл Латифи го посетивме и меморијалниот комплекс при што им одадовме почит на паднатите за време на воениот конфликт во 2001 година

Со почит,

Градоначалник на општина Арачиново Ридван Ибраими

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

фото: Општина Арачиново

 

Остани поврзан