• сабота, 06 јули 2024

Опозицијата предводена од Бериша в понеделник на протест пред албанскиот Парламент, повика на масовност

Опозицијата предводена од Бериша в понеделник на протест пред албанскиот Парламент, повика на масовност

Тирана, 15 декември 2023 (МИА) - Претседателството на иницијативата „Обнова на ДП“ на која присуствувале и пратениците од ова крило на Демократската партија, предводено од поранешниот албански претседател и експремиер, Сали Бериша, одлучи да одржи протест в понеделник и четврток, два многу важни дена во политичкиот календар во земјата.

Понеделник е денот кога на седницата на парламентарната законодавно-имунитетска комисија се одлучува за барањето на Специјалното обвинителство против корупција и организиран криминал, СПАК, за давање овластување за замена на досегашната мерка „задолжително јавување“, со затворски или домашен притвор за Бериша.

Протест е најавен и во четврток, кога се одржува последната собраниска седница за оваа година.

- Треба да се достигне кулминација на дејствувањето на опозицијата. Ги повикувам членовите и симпатизерите на опозицијата, како и граѓаните, масовно да учествуваат на протестите пред Парламентот, повика Бериша.

Претходната мерка пријавување во судот, првиот и третиот понеделник во месецот, Бериша ниту еднаш не ја испочитува, повикувајќи се на одредени уставни одредби. Нему исто така му е изречена и мерка забрана за напуштање на земјата.

Неговот адвокат но и други стручни правни лица тврдат дека Бериша (79) не може да заврши во затворски притвор, бидејќи поради возраста тоа не го дозволува законот, и дообјаснуваат дека за лице повозрасно од 70 години максимумот е куќен притвор.  

Поранешниот премиер е под истрага за пасивна корупција во аферата за приватизација на спортскиот комплекс „Партизан“ во Тирана. вт/паг/

Фото: Фејсбук

Остани поврзан