Опожарен камион на „Чистота и Зеленило“ на депонијата Краста во Куманово
- Камион на кумановското јавно претпријатие „Чистота и зеленило“ бил опожарен синоќа додека депонирал смет на депонијата „Краста“, соопштија денеска од претпријатието.
Куманово, 18 ноември 2025 (МИА) – Камион на кумановското јавно претпријатие „Чистота и зеленило“ бил опожарен синоќа додека депонирал смет на депонијата „Краста“, соопштија денеска од претпријатието.
– Камионот бил опожарен додека депонирал смет, вработените се обиделе да го изгасат и со апарати, но безуспешно. Морале да повикаат противпожарна единица. Не се знае причината за опожарувањето, претпоставуваме дека е инсталација, изјави директорот на комуналното претпријатие, Ненад Стојановски.
Една екипа на противпожарната единица со тројца пожарникари го гаселе во периодот од во 22.10 до 23. 40 часот. ам/ра
Фото: МИА архива