Опожарено возило во Велес, нема повредени
- Ноќеска околу 3:15 часот на улица „Тодор Јанев“ во Велес настанал пожар на паркирано патничко возило „ауди“ со велешки регистарски ознаки, сопственост на 28-годишниот Е.Џ. од село во Општина Чашка. Случајот бил пријавен во СВР Велес.

Велес, 9 јануари 2025 (МИА) - Ноќеска околу 3:15 часот на улица „Тодор Јанев“ во Велес настанал пожар на паркирано патничко возило „ауди“ со велешки регистарски ознаки, сопственост на 28-годишниот Е.Џ. од село во Општина Чашка. Случајот бил пријавен во СВР Велес.
Како што информира СВР Велес, повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од екипа на Територијална противпожарна единица од Велес. Увид извршила увидна екипа од СВР Велес. ад/мд/
Фото: МИА архива