• петок, 10 мај 2024

Опожарени две возила во Скопје

Опожарени две возила во Скопје

Скопје, 31 декември 2023 (МИА) - Две патнички возила „форд“ и „бмв“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на В.Б. од Скопје, биле опожарени на подрачје на Гази Баба.

Како што информира МВР,  случајот бил пријавен денеска во 4.05 часот во СВР Скопје. 

Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема.

Увид бил извршен и се преземаат мерки за расчистување на случајот. мд/свс/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан