• петок, 05 декември 2025

Опожарени викендичка и пчелни кошници во кумановското село Орашац

Опожарени викендичка и пчелни кошници во кумановското село Орашац

Куманово, 24 септември 2025 (МИА) - Викендичка и пчелни кошнички биле опожарени во атарот на кумановското село Орашац, вчера во вечерните часови, соопшти денеска Регионалниот центар за управување со кризи, Куманово.

- Територијалната противпожарна единица интервенирала со две противпожарни возила од 18 до речиси 22 часот. Причина а пожарот и материјалната штетата допрва ќе се утврдуваат, соопшти РЦУК, Куманово.

Пожарникарите, вчера гаселе пожар на поголема површина помеѓу трите села, кумановските Љубодраг и Ново Село кон липковското Ропаљце каде што пожар зафатил сува трева, нискостеблести растенија, стрништа, грмушки. Стрниште и сува трева горело во атар на липковските села Матејче и Отља. ам/вј/

Фото: село Орашац

Остани поврзан