• сабота, 21 декември 2024

Опасни горештини во САД, најавени дури 44 степени во Лос Анџелес

Опасни горештини во САД, најавени дури 44 степени во Лос Анџелес
Вашингтон, 31 август 2022 (МИА) - Опасен топлотен бран го зафати југозападот на САД, а наредната недела, како што се очекува, во тоа подрачје ќе донесе екстремно високи температури. Синоптичари најавуваат температура и до 44 степени Целзиусови во густо населени предградија на Лос Анџелес. „Се очекуваат опасно топли услови цела недела“, предупреди Националната метеоролошка служба. Како што наведуваат оттаму, жештината ќе претставува „најголем ризик за оние кои немаат пристап до соодветно ладење и кои не внесуваат доволно течности, но голем дел од останатото население би можело лошо да реагира на високите температури“. Нема надеж ноќните температури да донесат поголемо олеснување, се предвидува во многу области најниските температури да се движат околу 26,5 степени Целзиусови. Горештините веќе се почувствуваа вчера во Лос Анџелес и близу градот. За подрачјето на јужна Калифорнија не се невообичаени топлотните бранови ниту во септември, но температури над 44 степени Целзиусови се сметаат за високи дури и таму. Топлотниот бран следува по поројните дождови што во изминатите неколку недели ги зафатија југозападните делови. Некои делови, како најсувото место во САД, Долината на смртта, каде метеоролози знаеја да измерат највисока температура на воздухот во светот, месецов беа погодени од невидени поплави. Во Националниот парк Зион во државата Утах, поплавите зедоа жртва. Научници се сложуваат дека глобалното затоплување, главно поттикнато со бескрајниот човечки „апетит“ за енергија од фосилни горива, ги прави природните временски варијации уште поекстремни. Топлотните бранови стануваат сè поинтензивни, подолги и се карактеризираат со сè повисоки температури. Бурите пак, се карактеризираат со сè поголемо количество врнежи и во многу случаи, сè поопасни. бд/ссм/

Остани поврзан