• недела, 22 декември 2024

ООУ „Лазо Трповски“ од Скопје освои награда на литературен натпревар за млади во Јапонија

ООУ „Лазо Трповски“ од Скопје освои награда на литературен натпревар за млади во Јапонија

Скопје, 31 октомври 2023 (МИА) - ООУ „Лазо Трповски“ од скопски Карпош освои награда во екипна конкуренција на училишта на Меѓународниот литературен натпревар за млади 2023 во Токио, Јапонија.

Од основното училиште информираат дека годинава на натпреварот учествувале 20 674 учесници од 168 земји.

Годинава, како што посочуваат од ООУ „Лазо Трповски“, на овој реномиран натпревар, на кој учествуваат учесници од речиси цел свет со свои лични творби, напишани во форма на есеј на тема „Младите како идни креатори на мир во светот“, на училиштето награда му донесоа седумте ученици Лара Станчева, Тамара Ѓоќеска, Атанас Стаматовски, Берк Ѓунеш, Стефан Митревски, Миа Хаас и Галена Стојановска предводени од менторот, предметниот наставник по германски јазик Стефан Симовски.

ООУ „Лазо Трповски“ по 13-ти пат учествува на Меѓународниот литературен натпревар за млади во Токио, Јапонија, на кој досега има освоено три награди во 2015, 2016 и 2021 година.

Натпреварот се одржува во организација на УНЕСКО и фондацијата ГОИ од Токио, во рамки на одбележувањето на „Деценијата на Обединетите нации за одржлив развој на образованието“ во главниот град на Јапонија. Овој глобален проект се реализира од 2020 до 2030 година и во него активно се вклучени сите земји-членки на УНЕСКО.

Покровител на натпреварот е министерот за образование, култура, спорт, наука и технологија на Јапонија.фф/дма/

Фото: ООУ „Лазо Трповски“-Скопје

 

Остани поврзан