• четврток, 16 мај 2024

ОН: Руските напади врз украинските пристаништа во Црно Море се ризик за глобалната безбедност на храната

ОН: Руските напади врз украинските пристаништа во Црно Море се ризик за глобалната безбедност на храната

Њујорк, 21 јули 2023 (МИА) – Руските напади врз украинските пристаништа на Црното Море претставуваат ризик од „големо влијание врз глобалната безбедност на храната, а особено за земјите во развој, изјави заменичката-генерален секретар на ОН за политички прашања, Розмари Ди Карло.

Таа истакна дека заканите за потенцијални напади врз цивилни бродови во водите на Црното Море и од страна на Русија и од страна на Украина се неприфатливи.

Мора да се избегнат какви било ризици од избивање на конфликт како резултат на воен инцидент во Црното Море … бидејќи тоа може да има катастрофални последици за сите нас, нагласи Ди Карло. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан