• понеделник, 23 декември 2024

ОН: Луѓето во Газа се соочуваат со зголемен ризик од епидемии

ОН: Луѓето во Газа се соочуваат со зголемен ризик од епидемии

Газа, 25 април 2024 (МИА) - Агенцијата на Обединетите нации за помош на палестинските бегалци на Блискиот Исток (УНРВА) објави дека Палестинците во Газа се соочуваат со зголемен ризик од разни епидемии.

УНРВА уште еднаш, преку социјалните мрежи, предупреди на страшната хуманитарна катастрофа предизвикана од израелските напади во Газа.

Во соопштението се наведува дека жителите на Газа секојдневно се соочуваат со глад, болести и смрт.

Тие, исто така, предупредуваат дека големи количини ѓубре се насобрале во импровизирани населби во градот Рафа, каде што се засолнија околу 1,5 милиони луѓе кои избегаа од израелските напади.

Во соопштението се посочува дека ризикот од разни епидемии е висок и дека веќе е забележано алармантно зголемување на епидемиите на дијареа и хепатитис А.

Во израелските напади во Газа досега загинаа над 34.300 лица, а внатрешно раселени се околу 85 отсто од населението на Појасот Газа, кое се соочува со акутен недостиг на храна, чиста вода и лекови, додека 60 отсто од инфраструктурата на енклавата е оштетена или уништена, според податоците на Обединетите нации. ссм/

фото: архива

Остани поврзан