• четврток, 04 декември 2025

ОН: Гладот на глобално ниво се намалува, конфликтите и климата го загрозуваат напредокот

ОН: Гладот на глобално ниво се намалува, конфликтите и климата го загрозуваат напредокот

Адис Абеба, 28 јули 2025 (МИА) – Бројот на гладни луѓе ширум светот во 2024 година се намали трета година по ред, иако конфликтите и климатските промени ја продлабочија неухранетоста во поголемиот дел од Африка и Западна Азија, се наведува во извештај на Обединетите нации објавен денеска.

Според извештајот кој заеднички го подготвија пет агенции на ОН, претставен на самитот на ОН за храна во Етиопија, околу 673 милиони луѓе, или 8,2 отсто од светската популација, доживеале глад во 2024 година, што е намалување од 8,5 отсто во 2023 година.

Функционерите на ОН наведоа дека извештајот се фокусира на хронични, долгорочни проблеми и дека не го одразува целосно влијанието на акутната криза предизвикана од одредени настани и војни, вклучувајќи ја и ситуацијата во Газа. јт/

Остани поврзан