• петок, 27 декември 2024

ОН бараат пристап до израелското пристаниште Ашдод заради испорачување помош на Газа

ОН бараат пристап до израелското пристаниште Ашдод заради испорачување помош на Газа

Њујорк, 15 јануари 2024 (МИА) - Три агенции на ОН денеска побараа од Израел да дозволи пристап до неговото пристаниште Ашдод, за да можат да достават хуманитарна помош до Појасот Газа.

„Пристапот до пристаништето е апсолутно неопходен за хуманитарните агенции“, се вели во заедничката изјава на претставници од Светската програма за храна (WFP), УНИЦЕФ и Светската здравствена организација (СЗО).

Пристапот до пристаништето Ашдод, кое се наоѓа на околу 40 километри северно од Појасот Газа, ќе овозможи достава на многу поголема помош, а потоа транспортирана со камиони директно до тешко погодените области на северна Газа и каде само малку конвои успеаја да стасаат, се вели во изјавата.

Корин Флејшер, регионален директор на Светската програма за храна за Блискиот Исток, рече дека отворањето на пристаништето Ашдод ќе го намали времето потребно за испорака на помош во храна за жителите на Газа од север. ссм/

фото: Википедија

Остани поврзан